Свет
31. October 2015 - 20:05

Уапсени 15 лица и конфискувано поголемо количество на дрога

Шпанската и португалската полиција денеска соопштија дека во заедничка акција разбиле нарко група која шверцувала дрога од Мароко во Шпанија. Во акцијата уапасени се 15 лица и запленето е поголемо количество дрога.

- Запленети се 2.400 килограми хашиш во три одвоении прекугранични рации, 463.465 евра, 23 глисери, четири скутери, 12 возила и 4.750 литри гориво, се наведува во соопштението.

Засега не е познато каде се спреоведени апсењата.

Седиштето на наркобандата било во југозападниот дел на Шпанија. Тие користеле мрежа од специјално опермени пристаништа и магацини за складирање на дрогата. Кога откриле дека се набљудувани дел од своите активности префрлиле во јужна Португалија. ми/19:25