Балкан
28. April 2016 - 11:18

Уапсени 12 лица по нападот во Бурса

Во северозападна Турција се уапсени 12 лица поради нападот на бомбаш-самоубиец во Бурса, јавува турската телевизија НТВ. 

Деталите за апсењето се уште не се познати. 

Жена бомбаш-самоубиец се разнесе вчера во Бурса, и при тоа рани најмалку осум лица. 

Нападот се случи во близина на Големата џамија од 14 век, историскиот симбол на градот, информираше приватната телевизија Си-Ен-Ен-Турк. 

Турција оваа година ја погодија повеќе самоубиствени бомбашки напади, вклучувајќи два во Истанбул за кои е обвинета Исламската држава и два во Анкара за кои одговорноста ја презедоа курдските екстремисти, потсетува Танјуг.