Живот
22. August 2017 - 18:25

Уапсена мајка монструм: Полицијата затекнала деца како јадат храна за куче од земја, но тоа не било најлошото

Клои Едвардс од Мидлтаум е уапсена затоа што полицијата во нејзиниот стан ги затекнала како јадат храна за кучиа од под прекриен со урина и мртви бубашваби.

Полицајците добиле дојава дека пред вратата на нејзиниот стан се наоѓа огромна количина на ѓубре.

Полицајците рекле дека во станот било неподносливо топло, а подовите биле прекриени со остатоци од храна, урина, измет и мртви бубашваби.

Собите за спиење биле во ужасна состојба, креветите немале ниту ќебиња, ниту перници, а душеците биле полни со измет од куче. Подот во една соба бил прекриен со пикавци, лименки и шпагети, пишува во извештајот на полицијата.

Во станот се пронајдени пет деца, од кои две јаделе храна за куче од подот.

Утврдено е дека 27 годишната Едвард е мајка на четири од децата, кои ги презема социјалната служба затоа што станот бил прогласен како неприкладен за живот.

Едвардс обвинета за загрозување на безбедноста и зголемување на ризикот за повредување на децата.