Балкан
21. December 2016 - 16:43

Уапсен убиецот: Полицијата го пронајде човекот кој до смрт го претепа навивачот од Нови Сад

С.Ј. (34), осомничен за двојно убиство, извршено синоќа во Нови Сад е уапсен околу 15 часот, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.
 
- Инспекторите од криминалистичката полиција го успасиле осомничениот на булеварот Јаса Томиќ. С.Ј. е обвинет дека вчеравечер околу 4 часот пред угостителски објект со метална шипка убил две момчиња на возраст од 26 и 29 години, - соопштуваат од полицијата.
 
На осомничениот од страна на јавен обвинител му е одреден 48 часовен притвор и во рамките на законот ќе биде изведен пред судија.
 
Двете момчиња беа пронајдени мртви утрово пред едно кафуле во центарот на Нови Сад, а како што пишува српски „Блиц“ еден од загинатите е Драган Јовановиќ (26), познат како Годра, поранешен водач на навивачката група „Фирма“.