Македонија
3. April 2021 - 12:07

Уапсен странски државјанин на скопскиот аеродром баран со потерница

На 02.04.2021 во 18.05 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“-Скопје од слобода бил лишен А.Ј.(24) од Унгарија затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „А”(апси)  по  наредба на Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка.