Свет
20. May 2017 - 13:23

Уапсен соучесник на напаѓачот на Елисејските полиња

Француската полиција соопшти дека уапсила еден маж, кој е осомнилен дека му помагал на напаѓачот, кој во април пукаше во полицајци на Елисејските полиња во Париз. 

На осомничениот соучесник на „напаѓачот од Шанзелизе“ му е одредена мерка притвор и против него веќе е покрената официјална истрага. 

Негова ДНК е пронајдена на оружјето што го користеше напаѓачот Карим Шеурфи, кој отвори оган врз полицско возило на познатата париска авенија, убивајќи еден полицаец и ранувајќи двајца други, по што беше смртно застрелан од полицајата.