Македонија
19. May 2020 - 10:45

Уапсен скопјанец - му се заканувал со пиштол на полициски службеник

28-годишен скопјанец вчера е лишен од слобода бидејќи извадил пиштол и му се заканувал по живот на полициски службеник, па се обидел да избега. Во целосното соопштение од МВР стои:

На 18.05.2020 во 21.30 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.И.(28) од Скопје бидејќи со пиштол му се заканил по живот на еден од полициските службеници, по што се обидел да го напушти местото на настанот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.