Македонија
27. February 2021 - 16:11

Уапсен прилепчанец поради тргување и изработување на оружје

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М.(52) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 13.11.2020, полициски службеници извршиле претрес во куќа во с.Голем Радобил, прилепско, сопственост на З.М., при што пронашле и одзеле ловен карабин „М98“ со калибар 7.9 мм и осум парчиња муниција 7.9 мм за кои не поседувал документација.