Македонија
16. February 2020 - 15:11

Уапсен прилепчанец поради напад на полициски службеник

Синоќа околу 01:50 часот, полициски службеници од полициската станица во Прилеп пред угостителски објект на улицата „Кузман Јосифоски“ во Прилеп го лишиле од слобода И.Ј.(27) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а претходно направил сообраќаен прекршок на истата улица.

Тој бил приведен во полициската станица во Прилеп и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.