Џет-Сет
18. July 2015 - 14:46

Уапсен познат фолкер - Криел хероин во гаќите!

Српската гранична полиција при детална контрола го уапсила познатиот српски фолк пејач Синан Сакиќ кај кого биле пронајдени 2,3 грама хероин кои ги сокрил во долната облека.

Со него бил и извесен Елвис Р. Кај кого полицијата пронашла помала количина марихуана. Поради пронајдената дрога, но и поради тоа што бројот на возилото со кое патувале, не бил ист со оној на сообраќајната дозвола, пејачот и неговиот придружник се уапсени и сослушани во обвинителство.