Уапсен поранешниот директор за национална безбедност на Црна Гора
– Припадниците на специјалната полициска управа на Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност Дејан Перуничиќ, јави „Вијести, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови.
Според порталот „Вијести“ од Подгорица, Перуничиќ бил уапсен како дел од истрагата што ја започна Специјалното државно обвинителство, откако вчера беше пронајден уред за прислушување во канцеларијата на главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ.
Специјалното државно обвинителство и Полициската управа денеска ќе одржат прес-конференција во 12 часот, на која ќе бидат соопштени деталите за апсењето на Перуничиќ, јавува РТЦГ. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени и повеќе детали за самоубиството на поранешниот вработен во тајната полиција Лука Булатовиќ.
На поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Дејан Перуничиќ и поранешниот агент на тајната придружба Срѓа Павичевиќ, веќе им се суди за незаконско снимање и следење на неколку лица. Со одлука на судија од Вишиот суд во Подгорица, и со почитување на предлогот на бранителите, на обвинетите Перуничиќ и Павичевиќ им се суди зад затворени врати.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација