Македонија
22. February 2019 - 11:14

Уапсен малолетник (17) од Скопје, еве што пронајде полицијата при претрес на неговиот дом

Вчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија и Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, извршија претрес во дом и други простории кај лицето С.К.(17) од Скопје.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Лицето било лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.