Македонија
3. February 2021 - 11:09

Уапсен албански државјанин кој нелегално влегол во Македонија, а имал и активна забрана за влез

Вчера во 10,00 часот во Охрид од полициски службеници бил лишен од слобода Е.Д.(40) од Р.Албанија, поради нелегален премин на државната граница, соопштуваат од МВР

По извршените проверки било утврдено дека има и активна забрана за влез во Р.С.Македонија.

Лицето е предадено на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.