Македонија
15. November 2019 - 11:20

Уапсен Албанец на преминот „Ќафасан“

Вчера во 12.00 часот на Граничен премин ,,Ќафасан’’ од слобода бил лишен А.А.(49) од Р.Албанија, затоа што при контрола било констатирано дека има промени на бројот на шасија на патничкото возило „фолксваген голф“, со албаниски национални ознаки, кое го управувал. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.