-->
-->
У-21: Пораз од Шпанија
-->
Младинската фудбалска репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2021 година, откако во Алкоркон загубија со 3:0 од фаворитот во нашата група, репрезентацијата на Шпанија.
Мечот започна лошо за селекцијата на Благоја Милевски, откако уште во седмата минута младата „фурија“ дојде до водство преку Ману Гарсија. Во 47. минута од мечот, Никола Серафимов си постигна автогол, а конечните 3:0 ги постави Адрија Педроза во 87. минута. Во второто полувреме од мечот во игра влезе и супер-талентот на Барселона, Ансу Фати, во втор старт за шпанската репрезентација.
Со поразот, Македонија останува на третото место на табелата со 7 поени, колку што има и второпласираниот Израел, додека Шпанците се први со четири победи во четири меча и 12 поени. Следен дуел за момците е гостувањето кај аутсајдерот Фарски Острови, веќе во понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер