Loading Video...
Фудбал
2. September 2020 - 19:51

У-21: Македонија игра за важни бодови со Шпанија (Чет.18.45ч)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија утре на Арената Тоше Проески ќе ги одмери силите со фаворизираната селекција на Шпанија во рамките на квалификациите за ЕП наредната година.  Средбата се игра со почеток во 18.45ч.

            Избраниците на селекторот Милевски со нетрпение го очекуваат дуелот со Шпанија која е убедливо прва во квалификациската група со 13 бодови.  Македонија со добар резултат против фаворитот може да направи голем чекор кон освојувањето на втората позиција на која се наоѓа Израел со бод повеќе и  која води во баражот.

            Шпанците во првата средба славеа со 3-0 што е мотив повеќе Македонија во реваншот да одигра на повисоко ниво и да и се реваншира на црвената фурија.  Давор Здравковски очекува барем бод од пресметката со силниот противник.

            По натпреварот со Шпанија кој потсетуваме се игра утре со почеток во 18.45ч на Арената Тоше Проески без гледачина 8 септември  младата селекција ја очекува и гостување на  Фарските Острови.