Фудбал
8. November 2017 - 15:51

У-19: Македонија ја совлада Швајцарија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години направи подвиг во квалификациите за Елитната рунда за ЕП откако попладнево на терените на ФФМ ја совлада селекцијата на Швајцарија  со 2-1. Гостите првиот дел го решија со водство од 1-0 со погодокот на Угриниќ, но во вториот дел доминираше нашата репрезентација која со погодоците на  Трајановски и Атанасов во 56-тата и 61-та минута направи целосен превсрт. Следен противник на нашата селекција до 19 години е репреентацијата на Белгија, а последниот меч од групата во Скопје е закажан за 14 ноември против селекцијата на Лихтенштајн.