Ракомет
7. November 2015 - 16:43

У-19: ИХФ и додели организација на Македонија на СП 2019

Одличната организација на претходните шампионати и овозможи на Македонија и РФМ да бидат организатори на СП за јуниори (19г) во  2019 година. Кандидатурата на ФФМ беше прифатена  на ИХФ конгресот во Сочи (Русија) , каде делегатите од светските ракометни федерации ја изгласаа токму нашата земја за домаќин на најдобрите светски кадети.
Македонската ракометна федерација го предложила Скопје како организатор на СП (до 19 години) а претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа и членовите на конгресот, ја одобриле кандидатурата.
 
За РФМ  ова ќе биде петта организицаја на таков вид натпреварување. Минатата година Македонија беше домаќин на најдбрите светски младинки, а претходно беа организирани младински првенства во 2003, 2007 и 2008.