Loading Video...
Ракомет
13. August 2018 - 17:55

У-18: Драматична победа против Ф.Острови

Драматичен финиш на ЕХФ Шампионатот за ракометари до 18 години и донесе триумф на Македонија во дуелот со Фарските острови и пласман во полуфиналето.

                Текот на мечот не навестуваше ништо добро за нашите млади ракометари бидејќи противникот од Ф. Острови имаше водство и знаеше да го контролира резултатот.

            Но како се ближеше крајот на средбата се врати неизвесноста а вистинска драма донесоа последните десет секунди од средбата.  Најпрвин голманот Кизиќ одбрани седмерец а во последниот напад , буквално во последните секунди  Македонија преку  Костески прослави победа од 30-29. Вкупно трета на првенството што значи и учество во полуфиналето иако остануваат уште две средби против Швајцарија и Естонија.

            Мартин Серафимов беше најефикасен со 9 погодоци додека голманот Кизиќ имаше 13 одбрани.