Спорт плус
29. February 2016 - 16:23

ТВ Сител ги прогласи најдобрите спортисти за 2015

Пливачот Евгениј Поп Ацев со своите одлични резултати во маратонското пливање го доби признанието спортист на Македонија за 2015 година во изборот на Спортската редакција на ТВ Сител во емисијата „Асовите бираат асови“. 

Наградата Супер спортист според гласовите на жирито отиде во рацете на капитенот на националниот ракометен тим Кире Лазаров. 
Ракометарката на ЖРК Вардар, Сара Ристевска е најдобар млад спортист на Македонија. 
Признанија во клубските спортови добија машката и женската екипа на РК Вардар. Тренерот на РК Вардар Раул Гонзалез е најдобар тренер а Ивица Обрван првиот стратег на ракометната репрезентација најдобар селектор.  
Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ е спортист на деценијата.
На свечената церемонија во присуство на бројни спортски работници и гости  признанија за помагање на спортот и спортистите добија и Македонски телеком, Повардарие и др.  Манифестацијата беше збогатена и со квалитетна музичка програма.