-->
-->
Туторска поддршка на учениците Роми во беровските училишта
-->

Вкупно 20 ученици од ромска националност од делчевската осмолетка „Ванчо Прке“ добија тутори -наставници кои треба да им помогнат во совладување на наставните содржини по македонски јазик и математика. За овие ученици се ангажирани двајца наставници од одделенска настава кои претходно поминале соодветни обуки преку проектот „Туторска поддршка на ученици Роми од основното образование“ .
Сара Јашарова од НВО „КХАМ“ истакна дека од општините Делчево, Берово и Пехчево, со слаб успех по овие два предмети во целната група на ученици од 4, 5 и 6 одделение, се евидентирани 51 ученик и сите се вклучени во проектот.
- НВО КХАМ е партнер во овој проект за општините од регионов, а целта е овие деца преку оваа дополнителна настава да ги совладуваат полесно наставните содржини и да им помогнеме да добијат подобри оценки со цел да немаат потешкотии во нивното идно образование, рече Јашарова.
Директорот на делчевската осмолетка „Ванчо Прке“, Сашко Ивановски, истакна дека во ова училиште учат 80 деца Роми, а 26 во целната група од оделенијата 4, 5 6 одделение.
- Од овие 26, само шест покажуваат задоволителни резултати. Ние како учлиште вложиваме напори овие деца да го постигнат бараното ниво на знаење, а ова е одлична можност децата кои, еве дома, од најразлични причини не можат да најдат помош од родителите за совладување на материјалот, ние да им помогнеме преку оваа туторска настава. Туторската настава ќе се извдува секоја сабота, а училиштето ќе ги овозможи сите услови кои се потребни за наставата, рече Ивановски.
Проектот се имплементира во 49 училишта во 16 општини во државата, а се опфатени вкупно 1.600 ученици Роми од 4, 5 и 6 одделение кои покажуваат слаби резултати по математика и македонски јазик.
Проектот е финансиски поддржан од Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта, а Минситерството за образование учествува со ангажирање на 20 локални образовни медијатори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
