Туск: Русија не е наш стратешки партнер, туку проблем
Претседателот на Европскиот совет во заминување Доналд Туск изјави дека ги уверувал лидерите на Европската унија дека Русија „ е наш стратешки проблем, а не стратешки партнер“.
-Морав постојано, речиси секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Бев дури и означен како мономанијак, бидејќи толку многу бев фокусиран со темата, рече Туск во говорот на Универзитетот во Бриж, пренесува Тасс.
Според него, со тоа сакал да го оддржи европското единство, на кое „агресивната политика на Кремљ“ му била главниот предизвик.
-Бев и натаму сум убеден дека во оваа игра не е во прашање само иднината на независноста на Украина и безбедноста на централна Европа, туку и суверенитетот на Европа како политички ентитет. И вооошто не се сомневам дека стратешката цел на Владимир Путин е не само да ја врати контролата врз територијата на поранешниот СССР, туку и систематски да ја ослабне ЕУ, со креирање внатрешни поделби, рече Туск.
Тој додаде дека неговиот напор на крајот се исплател бидејќи било засилено единството на ЕУ преку санкциите против Русија.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто