Туск најави план за задолжителна воена обука за секој возрасен маж во Полска

Полскиот премиер Доналд Туск објави дека неговата влада работи на план за задолжителна воена обука за секој возрасен маж во земјата, како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа.
Туск рече дека има потреба од армија од 500,000 војници, во која ќе има и резервисти, пишува Гардијан.
„Ќе се обидеме да имаме подготвен модел до крајот на оваа година, така што секој возрасен маж во Полска ќе биде обучен во случај на војна“, рече Туск за време на говорот за безбедноста пред полскиот Парламент.
Минатата година полската влада соопшти дека армијата има околу 200,000 војници, со цел оваа година таа бројка да се зголеми на 220,000, а долгорочно да достигне 300,000 војници.
Туск предложи Полска да ги истражи „нуклеарните опции“.
„Мораме да бидеме свесни дека Полска мора да се потпре на најсовремените можности, вклучувајќи нуклеарно оружје и современо неконвенционално оружје“, рече тој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
