Туск и Меј сакаат да ги намалат тензиите при преговорите за Брегзит
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и британската премиерка Тереза Меј се договорија да се стремат кон тоа да се смират тензиите за време на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија.
Неименуван претставник од ЕУ нагласи дека тие се согласиле да бидат смирени тензиите, особено при разговорите за „тешки прашања“ како што е случајот со Гибралтар.
Тој наведе дека денешната средба на Меј и Туск во Лондон, што траела околу два часа, поминала добро и во пријателски дух.
- Двајцата се договорија да продолжат со редовни контакти при целиот процес за Брегзит, со цел да го задржат конструктивниот пристап и да бидат насочени кон намалувањето на напнатоста при разговорите по сите прашања, па дури и они што се покомплицирани како на пример прашањето за Гибралтар, истакна анонимниот претставник.
Ново на Сител
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Претрес во Велес, пронајден еден килограм чист кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
-
Лишен од слобода скопјанец во Карпош, пронајдена дрога
-
Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд
-
Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби
-
ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти