Loading Video...
Свет
18. May 2017 - 17:15

Туск до Макрон: На Европа и треба вашата енергија и вашата храброст

Иднината на ЕУ беше во фокусот на средбата на Емануел Макрон и Доналд Туск во Париз. Претседателот на ЕС порача дека  Франција и е потребна на ЕУ а францускиот претседател пак возврати дека неговата земјата блиску ќе соработува со европските институции.

- На Европа и треба вашата енергија, вашата фантазија и вашата храбрсот. И кога велам Европа, не мислам на институциите или бирократијата, туку на милионите веропјани кои вашата победа ја видоа како знак на надеж.

- Сакам да повторам колку е важен европскиот проект за мене и мојата волја да соработувам со европските институции.

Лидерите на унијата беа меѓу првите кои му ја честита победата на Макрон на француските претседателски избори.