Балкан
14. September 2017 - 12:11

Турските власти открија група сириски бегалци кои се обидувале да влезат во Бугарија

Дваесет и седум мигранти, кои планирале илегално да влезат во Бугарија, беа откриени во турското село Киркларели, објави електронското издание на весникот „Хуриет“.

Турски безбедносни сили ги пресретнале мигрантите во областа Демирѓој, меѓу селата Сислиоба и Јешилова, а по распитот Сиријците се предадени на центарот за мигранти во Пехливанкој.