Македонија
12. December 2019 - 11:37

Турски државјани со фалсификувана исправа уапсени на „Деве Баир“

Сабајле во 03.00 часот на Граничен премин „Деве Баир“ биле лишени од слобода А.О.(46) и А.Е.(55) и двајцата од Р.Турција, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“ - зелен картон.

Тие биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.