Балкан
27. October 2015 - 9:42

Турската полиција уапси 30 лица во акција против Исламска држава

Турската полиција приведе денеска околу 30 лица во акција против наводни членови на џихадистичката група „Исламска држава“ во градот Коња, Централна Турција, јави БТА.

Турската полиција вчера започна серија операции против групи на „Исламска држава“, вклучително акција во над десет куќи во југоисточниот град Дијарбекир. Седум борци беа убиени, а 12 приведени во операцијата вчера.

Турските власти ги проширија акциите против наводни келии на „Исламска држава“ по двојниот самоубиствен напад во Анкара на 10 октомври, во кој загинаа над сто лица. Тоа беше најсмртоносни терористички напад во современата историја на Турција.