Балкан
4. May 2016 - 10:32

Турската армија одговори на ракетниот напад од сириска територија

Турската армија одговорила на огнот од реон на Сирија, контролиран од Исламска држава, откако две ракети денеска биле истрелани кон турскиот пограничен град Килис, соопштија безбедносни извори.

Нема повредени во денешниот напад, бидејќи ракетите паднале на празен терен.

Во последните неколку месеци градот Килис е погоден од околу 50 ракети истрелани од борци на џихадистичката група ИД.