Турската амбасадорка Тулин Еркал Кара во посета на Центар Жупа
Турската амбасадорска Тулин Еркал Кара денеска беше во посета на општина Центар Жупа, каде на средба со градоначалникот Аријан Ибраим се запозна со работата и напорите на локалната власт.
- Ја запознав амбасадорката со низата реализирани проекти, дел од нив финансиски подржани од Република Турција, кои се однесуваат на подобрување на патната и друга инфраструктура, како изградбата и санација на училиштата. Ја запознав со природните богатства со кои изобилува нашата опшитната и поволните услови кои ги нудиме за привлекување странски инвестиции. Тоа би значело нови работни места и стопирање на миграцијата, по која е познато нашето подрачје . Посебно стана збор за заинтересираноста на турски бзнисмени да инвестираат во нашата општина, рече по средбата градоначалнкот Ибраим.
Амбасадорката искажа големо задовлство што е во посета на Центар Жупа, каде, како шо рече, се чувствува како во своето родно место, Бурса. - Пријателството и соработката меѓу нашите два народа и двете земји, Македонија и Турција, се потврдуваат и со овие посети на општините. Денеска сум во Центар Жупа а сум посетила и ќе посетувам и други општини. Се чувствувам навистина прекрасно тука, изјави Кара.
Амбасадорката Кара ја посети гимназијата „Ата“ и деветолеката „Мустафа Ќемал Ататурк“ во Центар Жупа, потоа деветолетката „Неџати Зекерија“ во селото Коџаџик, како и Спомен куќата на таткото на современа Турција, Мустафа Ќемал Ататурк, која е изградена врз темелите на куќата на неговиот татко Али Риза Ефенди во селото Коџаџик.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари