Турска парламентарна комисија утврди дека Ѓулен стои зад неуспешниот обид за преврат
Претседателот на турската парламентарна комисија, што се занимаваше со истрагата за обидот за преврат во Турција од минатото лето, Решат Петек, денеска изјави дека нема никакво сомнение дека муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот преврат, пренесоа американските медиуми.
Петек изјавата ја даде додека го претставуваше извештајот на комисијата во врска со пучот.
Ѓулен, кој е поранешен близок сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган,а живее во САД, негира дека е замешан во обидот за преврат.
Петек пред новинарите посочи дека извештајот открива дека движењето на Ѓулен со сигурност стои зад настаните од 15 јули.
Петек проповедникот Ѓулен го нарече „измамник“, кој веројатно ги подготвувал и превратите во последните 50 години.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот