Балкан
19. September 2016 - 9:09

Турска офанзива против ИД во Сирија

Турски авиони вчера извршија напади врз три локации во северна Сирија кои се сметаат за упоришта на терористичката организација Исламска држава, изјави денеска претставник на турското Воено воздухопловство.

Како што пренесува Танјуг, во вчерашниот напад се гранатирани воено-команден штаб на ИД, засолниште, како и склад за муниција.

Засега нема информации за бројот на ликвидираните терористи, соопштуваат извори од турското Министерство за одбрана.

Операцијата во северна Сирија наречена „Еуфратски штит", турските власти ја започнаа на 24 август.