Туристи здебелиле мајмун, па сега тој мора да држи диета
Тајланд е дом на илјадници диви мајмуни, меѓу кои најбројни се макаките и гибоните, што често се сретнуваат и во урбаните населби, каде доаѓаат барајќи храна.
Масни е долгоопашест макаки мајмун кој е вистинска атракција во Бангкок. Но, тој е и вистински зависник од брзата храна, па наскоро ќе мора да биде ставен на строг режим на исхрана и физички активности.
Масни е миленик на туристите, па често ужива во остатоците од нивната храна: шејкови, слатка пченка и тропско овошје. Но, тој се „здебели“, па сега, поттикнат од самите фанови, тој мора да трча.
- Се здебели, оти јадеше се што му доаѓаше при рака. Не е болен, но му треба наша помош. Тој сака да јаде, а таму каде има многу туристи, на кои им е миленик, го хранат уште повеќе, рече еден локален туристички водич.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето