Tурција загрижена за своите граѓани во САД
Анкара е длабоко загрижена за правните случаи против дрѓавјани на Турција во САД, соопшти турската Амбасада во Вашингтон, оценувајќи дека одлуката делумно да се покрене издавање на визи во амбасадите на САД и Турција, сепак е позитивен напредок.
Турската Амбасада соопшти дека турски функционери ќе продолжат да се среќаваат со американски колеги со цел случаите да бидат решени на задоволувачки начин.
Турција не понуди никакви гаранции за конзуларните работници на САД во Турција, соопшти Амбасадата, наведувајќи дека доколку конзуларните работници бидат уапсени во Турција, тоа нема да биде поради работата што ја вршат, туку затоа што се обвинети за „сериозни злосторства“.
Американските конзуларни служби во Турција вчера делумно го обновија процесот на издавање визи. Извор од турската Влада наведе дека Анкара најверојатно ќе го следи таквиот чекор на Вашингтон, што би било вовед во надминување на дипломатската криза меѓу двете земји.
Како што јави МИА, издавањето американски визи за турски државјани беше суспендирано речиси еден месец, што беше проследено со одговор на Анкара.
Дипломатската криза започна кога турските власти уапсија службеник од турска националност во американскиот конзулат поради наводни врски со проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого турската Влада го смета за организатор на обидот за државен удар на 15 јули минатата година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација