Турција спречи обид за шверцување 276 мигранти
Властите во Турција спречија обид за шверцување 276 мигранти кои имале намера да стигнат до Европа со брод, објави турската новинска агенција Анадолија.
Во акцијата се уапсени осум лица осомничени за трговија со луѓе.
Екипи на полицијата и крајбрежната стража ја спроведоа акцијата на бродот во пристаништето во близина на Измир, кој се подготвувал да замине со 276 мигранти, меѓу кои 46 жени и 59 деца, од Авганистан, Бангладеш, Сирија, Сомалија и Иран.
Се претпоставува дека мигрантите планирале да стигнат до Европа преку Турција и преку остров во Грција.
Оваа рута е вообичаена за пристигнување во Европа од оваа насока, додека некои мигранти од Турција се обидуваат да влезат во Грција преку реката Марица, која се наоѓа на границата меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра