Турција седум дена по ред бележи црни рекорди со коронавирусот
Бројот на починати во Турција се зголемува седми ден по ред, и покрај напорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и владата да го запрат вториот бран на Ковид-19, објави „Ројтерс“.
Турција очекува економијата да се подигне оваа недела по големиот пад на почетокот на годината, но тоа закрепнување, што е клучно за политичката поддршка на Ердоган, може да биде загрозено поради ширењето на коронавирусот.
Турците ги заострија мерките, вклучително и воведувањето полициски час за време на викендот, но досега тие не дадоа значителни резултати во запирањето на ширењето на болеста.
Во неделата починаа 185 лица, што е за 45% повеќе отколку во екот на првиот бран во април, а црните рекорди започнаа да се бележат на 23 ноември, кога починаа 153 лица, и оттогаш бројот на мртви расте секој ден.
Во претходните 24 часа беа евидентирани над 29.000 случаи, а во саботата беше соборен рекорд од 30.103 случаи, сепак, властите бројат само пациенти со симптоми, додека овој број не вклучува асимптоматски случаи.
Лекарите и опозициските политичари предложија уште посилни ограничувачки мерки, но владата сака да избегне заострување, бидејќи кафулињата, рестораните и хотелите веќе се сериозно погодени од мерките.
„Нашата здравствена единица е под голем товар. Секој од нас е одговорен, мора да се придржуваме кон мерките”, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коча на „Твитер“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени