Балкан
28. October 2016 - 21:55

Турција потрошила 12,5 милијарди долари за сириските бегалци

Од почетокот на миграциската криза турските власти потрошија 12,5 милијарди долари за помош на над 2,7 милиони сириски бегалци кои се наоѓаат во Турција, изјави денеска турскиот вицепремиер Вејси Кајнак.

- Досега Турција има потрошено 12,5 милијарди долари за бегалците. Вкупниот износ на средствата, потрошени од ОН, ЕУ и некои европски земји за истите цели, достигна 510 милиони долари, истакна Кајнак.

Тој потврди дека моментно во Турција се наоѓаат 2.753.696 бегалци, а повеќе од 250.000 од нив живеат во времени кампови.

Според Кајнак, откако Анкара ја презала воената операција „Еуфратски штит“ во Сирија, на територијата на Турција „не е прифатен ниту еден бегалец од Сирија“.