Балкан
14. September 2015 - 12:04

Турција не може да се справи сама со бегалската криза - Државите од ЕУ треба да помогнат

Срцевознемирувачките снимки на безживотното тело на тригодишниот Ајлан Курди, исфрлено на брегот на Егејското Море, со право предизвикаа огромни изблици на вознемиреност, особено во Европа. Признавајќи ја моќта на снимките, се надевам, навистина се надевам, дека тој ужасен инцидент на загуба на невино дете нема да е напразен: дека сите ние можеме да ја преземеме одговорноста и да преземеме дејствија заедно за да спречиме слична непотребна загуба на живот.

Јас исто така знам дека тие ужасни снимки полека излегуваат од главите на многу луѓе. Шокот ќе доведе до ужаснување, ужасот ќе доведе до страв, а тој страв ќе активира една „интровертност“. Слични снимки во најдобар случај ќе предизвикаат едно „одложување“, во најлош - омраза и ксенофбија. И невиното дете Ајлан, заедно со хуманитарната катастрофа (неприфаќање на неговата смрт ја симболизира катастрофата), не само што ќе биде заборавено, туку тие можат на јаве да ги извадат демоните за кои сме мислеле дека одамна сме ги заробиле. Тоа може да звучи песимистички, дури и крајно. Ги предизвикувам лидерите на Европа да ми докажат дека грешам.

Живееме во време на криза. Блискиот исток и Северна Африка се во криза. Раселени се милиони луѓе, кои бегаат од војни и репресии на огромни територии. За првпат во поствоениот период, бројот на бегалци, на оние кои бараат азил и на внатрешно раселени лица низ светот, достигна до 60 милиони, што е историски рекорд.

Од самот почеток, ЕУ се бори со миграцијата - постојано или непостојано. А постојано недостасуваат обмислени решенија. Уште повеќе при сегашнава какофонија, повиците за поддршка за подигнување повеќе ѕидови и бодликави жици растат. Некои европски лидери, кои покажуваат дека ништо не може да биде научено од историјата, дури се обраќаат кон христијанството со обединувачки повик за да ги држат настрана оние кои бараат засолниште.

Милиони, било тоа да се Африканци или Азијци, муслимани или христијани, Арапи или Курди, Пакистанци или Авганистанци, не имигрираат по сопствена воља. Тие имаат потреба од наша помош. А откажувањето на помош на оние на кои таа им е најпотребна, е во духот на сите цивилизирани општества, независно од нивната раса, религија и вера.

И ако моралот не е доволна причина да се излезе во пресрет на тоа прашање на хуманистички начин, треба да се има предвид дека и највисокиот ѕид или најострата бодликава жица нема да го натертаат тој бран од луѓе да се вратат назад. Потребни ни се разумни, хумани и трајни решенија, а СЕГА најмногу имаме потреба од нив.

И додека бараме начини да се справиме со хуманитарнте страдања на оние кои бегаат од тормозење или нешто полошо, ние исто така треба да работиме позасилено за да ги искорениме причините за таа нелегална емиграција или во спротивен случај ќе продолжиме да бидеме нивна жртва. Тоа значи поусогласено и поефикасно учество во решавање на кризата во Сирија, Ирак и било каде на друго место. Победа над Исламска држава, отварање на пат кон демократски преод во Сирија без Асад, создавање на функционален федерализам во Ирак, враќање на единството во Либија, а исто и во Јемен, се само дел од предизвиците.

Турција, традиционално транзитна земја за нелегалната миграција, сега е и посакувана дестинација. Турскиот народ направи огромни саможртви за да прифати над два милиони сиријци и ирачани. на тој начин ние спречивме масовен тек кон ЕУ и во пракса станавме буфер зона меѓу хаосот и Европа. Истовремено, земјите од ЕУ се пазарат за смешно мал дел со глобалните квоти за распределба.

Потрошивме над шест милијарди долари за Сиријците, Ирачаните и други мигранти во Турција. Она што досега сме го добиле од меѓународната заедница е мал дел од таа сума (вкупно 417 милиони долари, од кои само 165 милиони од земјите на ЕУ, вклучувајќи ги и невладините организации). Концепцијата за распределба на бремето се претвори во бесмислен шаблон. Од друга страна, бројот на нелегани емигранти фатени дека ја минуваат нашата територија во последните децении е скоро половина милион души. А само во 2014 година, 60,000 нелегални емигранти беа фатени од турските власти.

Турската контрола на бреговите не штеди напори ниту во Средоземното море, ниту во Егејското, за да ја обезбеди безбедноста на морето. Оваа година, тие спасиле повеќе од 48,000 емигранти од морето. Преземени се дополнителни мерки за засилување на безбедносните и спасувачкуте операции. Работиме исто така со нашите соседи, како Грција, Бугарија и Италија, за да ја спречиме нелегалната емиграција.

Но Турција не може да продолжи сама. Членките на ЕУ треба да ја преземат својата одговорност, да покажат смиреност, да бидат поотворени и да преземат хуманитарна одговорност пред лицето на оваа вистинска хуманитарна трагедија која се појавува пред нивниот праг. Удобниот рефлекс да се фрли товарот врз Турција ако се направи еден чисто одбранбен чекор со широкоопфатни мерки за безбедност и изградба на ѕидови за да се создаде една христијанска „укрепена Европа“, може да е привлечен за оние кои не разрбале ништо од европската историја, но тоа нема да помогне.

Таков чекор не соодветствува со европските вредности. Но најважното е што како кандидат за приклучување кон ЕУ, ние не можеме да поверуваме дека ваков вид увереност во сопствената безгрешност ќе биде поддржана од мнозинството европјани.

Дојде времето Европа да започне да дејствува организирано во однос на емиграцијата. Турција е подготвена да работи уссогласено со своите европски партнери за да се справиме со оваа хуманитарна катастрофа. 

Гардијан - Лондон

(автор Ахмет Давутоглу, премиер на Турција)