Балкан
7. јуни 2016 - 13:54

Турција ќе ја поддржи можната операција за враќање на Мосул

Турција силно ќе ја поддржи можната операција за преземање на северниот ирачки град Мосул од борците на Исламската држава, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервјуто за државната телевизија „ТРТ“. 

Ирачките сили, со помош на коалицијата предводена од САД, се очекува да се обидат да го вратат Мосул во втората половина од годинава. 

Ирачката армија сега го напаѓа бастионот на Исмалската држава, Фалуџа, блиску до Багдад, јави БТА.