Балкан
9. December 2016 - 8:32

Турција испраќа уште 300 војници во северна Сирија, како поддршка на операцијата „Еуфратски штит“

Турција испраќа уште 300 војници во северна Сирија како поддршка за операцијата „Еуфратски штит“, информира агенцијата Анадолија.

Од информацијата не станува појасно каде точно тие ќе бидат разместени, а британските медиуми не успеале да добијат конкретен коментар од турските вооружени сили за ваквата одлука.

Турција во август ја почнаа својата операција, испраќајќи тенкови, авиони и копнена војска како поддршка за арапските и туркменските бунтовнички групи во северна Сирија.

Целта на операцијата „Еуфратски штит“ е пограничниот регион да биде прочистен од борците на „Исламска држава“ и од сириските курдски милиции (Сили за заштита на народот), кои Анкара ги смета за терористичка организација.