-->
-->
Турција го блокира сајтот на руската државна агенција Спутник
-->
Сајтот на руската државна агенција Спутник е блокиран во Турција, изјави денеска главниот уредник на турското дописништво на медиумот, Махир Бозтепе.
- Нема пристап до sputniknews.com. Испративме писмо до Rегулаторната агенција во кое бараме објаснување на причината за тоа. Воопшто не очекувавме забрана, изјави Бозтепе.
Како што јави Раша Тудеј, турската Регулаторна комисија за телекомуникации досега не ги образложи прилините за блокирањето на интернет страницата на Спутник.
Руските медиуми оценуваат дека ваквата постапка може дополнително да ги продлабочи тензиите меѓу Москва и Анкара, до кои дојде по соборувањето на рускиот воен авион од страна на турската армија во ноември минатата година во реонот на границата меѓу Турција и Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер