Турција е на второ место по продажба на телевизиски серии, веднаш по САД

Турските телевизиски серии се гледаат во речиси 100 држави во светот, а Турција се наоѓа на второ место, веднаш по САД, по продажба на серијали со заработувачка од 350 милиони долари, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Истражувањето покажува дека Турците минуваат просечно по четири часа дневно пред телевизските екрани, а најгледани се турските теленовели.
Турските серијали во последните години станаа многу популарни во јужноамериканските земји. Турција почна да пласира продукција дури и во држави кои се познати по теленовели, како што се Бразил и Мексико.
Гледачите од Блискиот исток најмногу ги следат турските серијали во кои се опишува современиот живот на богаташите, во Јужна Америка најгледани се сериите во кои дејството се одвива во подалечното минато, а европските земји се заинтересирани за тематските серии.
Турската продукција сега има цел да се пробие и на пазарите како Кина, Јапонија и Индија.
Според друго истражување, најгледана турска серија во светот е „Сулејман Величенствениот“, на второ место е „Пепел од рози“, а на трето се наоѓа „Илјада и една ноќ“.
Ново на Сител
-

Синдикатот на Клинички не се согласува со најавите на министерот за прераспределба на медицински персонал
-

Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот
-

Годинава во Македонија регистрирани се 38 нови случаи со ХИВ/СИДА
-

Поради градежни активности Гостивар остана без вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
