Loading Video...
Спорт плус
7. February 2020 - 16:02

Турција, Данска и БиХ противници на македонските одбојкари во квалификациите за ЕП 2021

Турција, Данска и Босна и Херцеговина ќе бидат противниците на нашите одбојкари во квалификациите за ЕП 2021 
 
Македонските одбојкари денеска ги дознаа своите противниците во квалификациите за Европскиот шампионат што догодина (2021) кое ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска.
 
Денешната ждрепка ја смести Македонија во квалификациската групата Ц заедно со репрезентациите на Турција, Данска и Босна и Херцеговина.
 
По историскиот настап на континенталното првенство лани, нашите одбојкари ќе се обидат по втор пат да стигнат на завршницата, а за да ја остварат таа цел, ќе мора да бидат најмалку второ рангирани во својата група. 
 
Имено. Пласман на шампионатот ќе обезбедат победниците во седумте групи, како и петте најдобро второпласирани.
 
Квалификациите ќе се играат во периодот од август до септември годинава 
 
Во останатите групи ќе играат: 
 
Група А: Холандија, Шведска, Хрватска
Група Б: Бугарија, Австрија, Израел
Група Д: Шпанија, Латвија, Република Молдавија, Кипар
Група Е: Словачка, Романија, Швајцарија, Албанија
Група Ф: Грција, Црна Гора, Азербејџан, Грузија
Група Г: Белорусија, Португалија, Норвешка, Унгарија