Спорт плус
8. July 2018 - 18:06

Тур де Франс: Втората етапа и жолтата маичка за Саган

Драматичен финиш на втората етапа од велосипедската трка Тур де Франс која заврши со спринтерски триумф на светскипт првак Питер Саган од екипата на Бора.

            Денешната патека беше долга 182,5 километри и заврши со триумф на актуелниот светски првак Саган  кој  беше најбрз во спринтот и така успеа да стигне до 9. Победа на најпрестижната велосипедска трка во светот со што изби на чело во генералниот пласман со 6 секунди предност пред Гавирија.

            Второто  место му припадна на Италијанецот СОни Колбрели додека трет низ целта мина Арно Демар од Франција.

            Најлошо заврши носителот на жолта маичка Фернандо Гавирија кој падна на 1700 метри до крајот на етапата со што беше елиминиран од конкуренцијата за триумф.

            Утре во рамките на третата етапа се вози тимски хронометар во должина од 35 километри.