Бизнис
7. јуни 2021 - 16:35

Трошоците за живот растат, економијата останува во рецесија

Цените на мало во мај годинава пораснале за речиси 4%. Државниот завод за статистика пресмета дека трошоците за живот во истиот месец се зголемиле за 3% споредено со мај лани. 

Најмногу поскапеле свежото овошје и зеленчук, маслото, месото, горивата. Поевтиниле шеќерот, џемот и кондиторските производи.

Засега трендот на раст на цените не ги опфати млекото и млечните производи, но преработувачите велат дека нема уште долго да издржат. 

Трошоците им се зголемени за 80%. Бараат поддршка од државата за да не ги зголемат цените затоа што се соочуваат со силна конкуренција, посебно од увозни производи.  

И во услови на раст на цените, потрошувачката на домаќинствата растела во првите три месеци од оваа година, а таа учествува со над 65% во вкупниот БДП. Според статистика, во првиот кваратл од оваа година државата трошела помалку, а инвестициите паднале за 16,6%. Земјава останала во рецесија и во првото тромесечие. Падот на економијата изнесува 1,9% што значи дека кризата се продлабпчила споредено со последнит квартал од 2020.