Македонија
7. September 2016 - 13:42

Трошоците на живот во август пониски

Трошоците на живот во август годинава во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,1 отсто, додека во однос на август лани намалување од 0,3 проценти. Кај цените на мало има зголемување од 0,4 отсто во однос на јули, а во однос на август лани намалување од 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во август 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на замрзнатото овошје за 2,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,5 отсто, оризот за 2,4 отсто, брашното и другите житарици и компирот за 1,7 отсто, другите прехранбени производи за 0,7 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6 отсто, сирењето и урдата за 0,5 отсто, другите пекарски производи и 
другите преработки од месо за 0,4 отсто, другите млечни производи за 0,3 отсто и сушеното, соленото и чаденото месо за 0,2 отсто.

Во август, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 10,7 отсто, течните горива за домаќинствата за 5,8 отсто, течните горива и мазива за 3,0 отсто, гасот за домаќинствата за 2,0 отсто, информатичката опрема за 1,9 отсто, средствата за лична хигиена и здравје за 1,3 отсто, услугите за лична хигиена за 1,1 отсто, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,6 отсто, обувките за 0,4 отсто и средствата за чистење и одржување на станот за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај месото за 1 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9 отсто, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 0,7 отсто, млекото и безалкохолните пијалоци за 0,3 отсто и замрзнатиот зеленчук и сушениот зеленчук за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 43,5 проценти, болничките услуги за 3,5 отсто, велосипедите за 0,7 отсто, текстилот за домаќинствата за 0,6 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 0,5 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата и алатите и опремата за куќа и градина за 0,3 отсто и лековите, накитот и часовниците за 0,2 отсто.