Македонија
2. January 2018 - 11:01

Тројно пониско нивото на Сатеска

Речиси тројно пониско од просекот за јануари е нивото на реката Сатеска кај Ботун, а двојно е намалена и Црна Река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, пониски се и водостоите на Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Зголемувања се измерени на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на јануарскиот просек.