Тројца уапсени во Турција поради „терористичка пропаганда“
Три лица, меѓу кои е и претставник на организацијата „Репортери без граници“ (РСФ), се уапсени во Турција под обвинение за учество во „терористичка пропаганда“, јавија турските медиуми.
Судот и наредил на полицијата да ги уапси Ерол Ондероглу, претседател на турскиот огранок на РСФ, новинарот Ахмет Несин, како и професорката Себнем Корур Финчанчи, која е претседател на турската Фондација за човекови права.
Тројцата се обвинети затоа што учествувале во кампањата на солидарност за поддршка на курдскиот весник „Озгур Гундем“.
Според турските медиуми, сите тројца во кампањата учествувале на тој начин што по еден ден биле на функцијата главен уредник на весникот.
Ондероглу е уапсен и обвинет и затоа што напишал три текста за операцијата на турските безбедносни сили во југоисточна Турција, кој главно е населена со курдско население.
Пред овие тројца, суд во Истанбул ги осуди главниот уредник и уредникот на дописништвото во Анкара на угледниот турски весник „Џумхуриет“, затоа што објавија дека турските власти илегално им доставуваат оружје и муниција на исламистите во Сирија, затскриено зад „хуманитарна помош“.
Апсењето на тројцата интелектуалци доаѓа и покрај притисокот на ЕУ за запирање на апсењата и осудувањето на новинари и професори.
Организацијата „Репортери без граници“ остро го осуди апсењето на нивниот претставник Ерол Ондероглу, кој раководи со турскиот огранок на организацијата уште од 1996 година. Организацијата соопшти дека најновиот случај го покажува „неверојатно ниското ниво на новинарски слободи во Турција“.
Според „Ворлд Прес Фридом“, Турција е рангирана на 151 место од вкупно 189 земји на листата според слободата на говорот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање