Македонија
12. September 2020 - 11:29

Тројца тешко повредени во сообраќајка на автопатот Велес - Скопје

Вчера во 11,00 часот било пријавено дека на автопатот Велес - Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.В.(56) од Битола и товарно моторно возило-влекач “ман“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Г.Н.(43) од Неготино, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.В. и сопатничка од истото возило С.В.(54), а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка на возраст од 15 години, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес.