Свет
16. February 2016 - 20:40

Тројца Сиријци кои живеат во Германија уапсени на пат за Сирија

Бугарските власти уапсија тројца Сиријци, кои живееле во Германија, под сомнеж дека тргнале да се и придружат на терористичката организација Исламска држава.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Сиријците, на возраст од 21, 22 и 25 годинни во Германија живееле повеќе години и не се дел од последниот бегалски бран што пристигна во земјата.

Тие биле уасени во близина на граничниот премин „Капетан Андреево“ во обид да ја мината границата со Турција, од каде што требало да влезат во Сирија и да и се продружат на ИД.

Според бугарските медиуми, Сиријците, кои биле уапсени пред една недела, имале документи за легален престој во Германија и прво биле приведени поради илегално минување на границата.

Меѓутоа, подоцна во нивните телефони биле пронајдени радикални исламски содржини и кореспонденција со членови на ИД, познати на европските власти.

Според најновите закони во Бугарија, Сиријците се соочуваат со казна затвор од 10 години, поради обид за придружување на терористички организации.